Настава без мобилни телефони во кумановското основно училиште „Крсте Мисирков“
Во кумановското основно училиште „Крсте Мисирков“ почна настава без мобилни телефони, информираа надлежните од училиштето. Согласно, Кодексот на однесување во училиштето, од второто полугодие наставниците и учениците за време на часовите мобилните телефони ги ставаат во остава за телефони. Иницијативата, посочија потекнала и од наставниците и родителите уште од мината учебна година.
За да се реализира иницијативата, уште ланската учебна година била извршено дополнување на Кодексот за однесување во училиштето. Промената едногласно ја одобрил Советот на родителите и била изгласана од Училишниот Одбор .
–Успехот на учениците зависи од многу фактори, меѓутоа сите заедно сме на исто мислење дека со ова ќе го задржиме вниманието на учениците за активно следење на наставата. Нормално, со дозвола од страна на предметните наставници по предметите како што се ликовна и музичка уметност, учениците можат да користат мобилен телефон во реализација на наставната содржина и тоа го назначивме и во Правилникот, појаснува Јовановиќ.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите