Народни собири на ГДОМ во осум градови
Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) денеска одржа мирни народни собири во Битола, Охрид, Гевгелија, Градско, Радовиш, Крива Паланка, Кочани и Ресен на кои беа повторени барањата за одржување избори на 5 јуни како единствено решение за кризата во Македонија, стопирање на деструктивните сценарија, и повлекување на одлуката за аболиција што ја донесе претседателот Ѓорге Иванов.
Протестот на ГДОМ во Битола, како што беше речено, е со цел да се искаже револт против наметната политичка криза во Македонија.
- Многу наши копаничари, вајари оставиле дела во светските и европските метрополи и нивниот труд и ден денес е почитуван, но за жал тука во Македонија нивниот труд се уништува. Порачувам да се чува културното творештво, а политичката криза да се реши демократски со демократски избори, рече Мери Арсовска, граѓански активист од Битола.
Следбениците на ГДОМ на протестот во Охрид повикаа на избори на 5 јуни за, како што рекоа, доброто на Македонија, да се смират страстите и да продолжи растот на економијата и туризмот.
- Давам поддршка оти се чуствувам голем демократ и знам откако постои векот и светот власта се добива на избори, народот одлучува коуму да му ја даде власта. Не може никој друг да победи ниту со апетити од надвор, изјави Тане Маркоски од ГДОМ.
Од собирот во Гевгелија беше порачано дека се неопходни брзи избори на кои ќе се избере легитимна власт која ќе раководи со државата и оти само на тој начин може да се стави крај на тортурата што секојдневно ја спроведува СДСМ.
Подржувачите на ГДОМ нагласија оти не сакаат повеќе да бидат заложници на деструктивната политика на Заев и порачаа дека до крај ќе се борат за името на државата, за македонскиот идентитет и за одржување на изборите.
Народни собири се одржаа и во Ресен, Крива Паланка, Градско, Радовиш и Кочани.
Ново на Сител
-
Унијата здруженија на медицински сестри реагира на договорот на ФЗО и ЗПЛРМ матични во мали места да работат без сестри
-
Преглед на вестите од светот
-
Нова Комисија, стари правила
-
Мицкоски: Не отстапуваме од црвените линии
-
Попов: Постои само една Академија на науките и уметностите, тоа е МАНУ
-
Дигитализацијата како лек
-
Приватните превозници престанаа да возат, допрва ќе одлучуваат дали ќе го блокираат Скопје
-
Скопје се гуши