Нападната вработена во крим-техника во ПС Кочани
Вработена во крим-техника во полициската станица во Кочани вчера во 15.45 часот била нападната додека се движела кон улицата „Киро Кикенски“, каде требало да се врши увид.
Како што соопшти денеска полицијата, таа забележала едно лице како врши кражба од зграда на градежното претпријатие „Бетон“. Застанала и се упатила кон сторителот, кој кон неа замавнал со секира. Успеала да го избегне ударот, а сторителот ја турнал на земја и ја удрил со нога, нанесувајќи и телесни повреди кои се констатирани во Општата болница во Кочани.
Во врска со овој настан во ПС Кочани, во присуство на родител бил приведен 15-годишник од Кочани, кој по извршениот разговор бил ослободен.
Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС Кочани. За настанот е запознаен јавен обвинител.
Ново на Сител
-
Четири рочишта против Мерко
-
Дневно и по 200 деца со респираторни инфекции завршуваат на Детска и во клиниката “Козле”
-
Алијанса на пациентски орг. - лекови за онколошки болни што поскоро и вкл. на алијансата при носење на здрав. политики
-
Мицкоски следната недела ќе се сретне со синдикатот на УПОЗ
-
„Генерален штрајк“ во Србија
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали СДСМ ја поддржува фармацевтската мафија
-
Студентите од Турција ја зголемија ќиријата, но ја подигнаа и локалната економија
-
Преглед на вестите од светот