„Генерален штрајк“ во Србија
Масовни протести од утрово се одржуваат во Белград, Нови Сад и уште неколку градови низ Србија во организација на студентите кои повеќе од 2 месеци протестираат по несреќата на железничката станица во нови Сад. Многу продавници денеска останаа затворени во знак на солидарност со демонстрантите а во поголем дел од средните и основните училишта не се одржуваше настава.
На протестите се приклучи и опозицијата која на кратко го блокираше и автопатот Нови Сад – Белград но полицијата успеа да ја отстрани блокадата, а информациите се дека има и приведени
На терен може да се забележи засилено присуство на полицијата особено околку клучните државни објекти и националната телевизија.
И додека опозицијата и студентите протестираат, Претседателот Вучиќ и неговата партија организираат контра протести. Во Јагодина за вечерва е закажан голем собир на кој Вучиќ ќе го објави формирањето на своето движење.
Вучиќ утрово се јави на социјалните мрежи но не ги коментираше протестите.
Последните 2 месеци граѓаните се на улиците низ Србија барајќи одговорнсот за трагедијата на Железничката станица во Нови Сад во која загинаа 15 лица. Српските власти веќе почнаа истрага за која во притвор се десетина лица меѓу кои и министерот за транспорт Горан Весиќ.
-
Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар