Свет
5. July 2016 - 18:56

Намалување на приливот на нови бегалци во Германија

Приливот на нови бегалци во Германија се намалува значително, изјавиле претставници на германската федерална полиција за весникот „Рајнише пост“, пренесува дописникот на МИА од Берлин.

Според весникот, од јануари до крајот на јуни постојано се намалува бројот на новопристигнати бегалци, а минатиот месец во земјата влегле помалку од 5.000 мигранти. Најмногу бегалци годинава влегле во јануари, над 92 илјади, а во мај нивната бројка била околу 16 илјади.

Минатата година во Германија пристигнаа над 1,1 милион бегалци.