Македонија
8. February 2025 - 16:47
Намаленото ниво на езерото ги загрижи еколозите
Намаленото ниво на Охридското езеро повторно ги загрижи еколозите.Климатските промени но и послабите врнежи од дожд го земаат својот замаф .Тие со години алармираат за штетите од осцилациите на најголемото природно езеро во Европа, кое и натаму се користи како акумулационен базен.
Познавачите велат драстичните намалувања на водостојот се резултат на лошо управување со езерото и час поскоро треба да се ревидира договорот со Албанија.
Постојаните осцилации се опасни за живиот и растителскниот свет .Со намалувањето на нивото доаѓа до недостаток на кислород кај рибите кој може да доведе до помор како еколошкиот инцидент пред енколклу години кај каналот Студенчишта.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->