Намален водостојот на реката Вардар
Намален е водостојот на реката Вардар на мерните место кај Јегуновце, Скопје и кај Демир Капија, покажаа најновите мерења на Управата за хидрометеоролошки работи.
Најголемо намалување е забележано кај Јегуновце, од вчерашните 146 на 92 сантиметри. Во Скопје кај Железниот мост вчера се измерени 111, а денеска 97 сантиметри, додека кај Демир Капија, има пад од 142 на 136 сантиметри.
УХМР бележи намалување на водостојот и на реката Лепенец кај вливот, Треска кај Македонски Брод, Пчиња кај Пелинце, Крива Река кај Крива Паланка, Брегалница кај Берово и кај Штип, Струмица кај Сушево и кај Ново Село, Црн Дрим кај Ложани, Сатеска кај Ботун, како и на Радика кај Бошков Мост.
Зголемување е евидентирано на реката Пчиња кај Катлановска Бања, од 72 на 79 сантиметри. Водостојот на Црна Река кај Новаци е зголемен од 54 на 56 сантиметри.
Ново на Сител
-
Средба на лидерите на ВЛЕН
-
Учениците учат само за оценка
-
Преглед на вестите од свет
-
Тема на денот со Милан Стефановски, аналитичар
-
Предизвици пред седницата на Уставен
-
Чествување - „Денови на Свети Климент Охридски“
-
Новата пречистителна станица во Дојран ќе биде готова до крајот на годината
-
Намалена интенција на младите за иселување, но предизвици има уште многу