Чествување - „Денови на Свети Климент Охридски“
За прв пат во Прилеп, во организација на здружението „Платформа за Креативни Концепти“, а со поддршка на Преспанско – Пелагониската Епархгиоја, Општина Прилеп и Институтот за стао словенска култура се организираше настанот „Денови на Свети Климент Охридски“ посветен на патронот на нашата Македонска православ црква и нашиот голем просветител. Делото на Свети Климент се смета за Рамноапостолско поради ширењето на христијанството, но и на писменоста и образованието кај словенските народи. Беше порачано дека ваквите настани треба да ги има што е можнп повеќе и да бидат пример за сите нас како треба да си ја почитуваме историјата и нашето духовно наследство.
„И оваа истражувачка да ја наречеме школа на овие млади луѓе треба да биде пример за сите, и за возрасните и за интелектуалците особено“, рече Г. Петар, Митрополит Преспанско – Пелагониски.
„Еден апел до Општината и до сите институции да ги поддржат овие проекти и да ги афирмираат делата на Светите Климент Охридски и Свети Кирил и Методиј, каде што ќе се афирмира нивното дело и ќе се продолжи нивната просвета“, додаде Андреј Иваноски, организатор на настанот.
„Всушност ние како научнио работници и истражувачи треба баш на овие сегменти да се вложуваме најмногу бидејќи токму преку едуцирањето на младите всушност нашатѕа работа добива смисла“, истакна Александар Василески, директор на Институт за старо-словенска култура.
Еден месец 80-тина ученици од 7-8 одделение од сите основни училишта во Прилеп беа дел од работилници по македонски јазик, историја и ликовна уметност и секоја група во својата област создаваше дела поврзани со ликот и делото на Свети Климент Охридски.
„Цртежот се пренесуваше на платно користевме некоја навидум блиска и адекватна техника која се користела во средновековието за цртање кога била популарна таа византиска школа на цртање“, вели Александар Џинго, ментор на групата по ликовна уметност.
„Литератураната секција имаше за задача да пишува акростихови, да напише и да изрецитира стихови кои се посветени на учителот над учителите“, потенцираше Наташа Кулеска, ментор на групата по македонски јазик.
„Јас сум оптимист дека овој проект ќе прерасне во традиција не само во Прилеп туку и во сите градови во Македонија“, рече Горјан Василески, ментор на групата по историја.
Ова на некој начин е продолжување на проектот кој во месец мај беше посветен на Светите Кирил и Методиј и во кој на сличен начин учениците го обработуваа нивниот лик и дело.
-
Дарко Штрагоски
Сите содржини од овој новинар