Намалена интенција на младите за иселување, но предизвици има уште многу
Намалена интенција за иселување на младите од државата, покажаа последните истражувања на професори од штипскиот универзитет, а кои треба да послужат како основа за националните стратегии за млади и за виското образование. Се уште не постојат апстрактни податоци за бројот и динамиката на иселување на младите од Македонија, но се држи оваа прашање високо на агендата.
-Препорачавме да се направи мапирање на миграциите, што веднаш ќе произлезе од самите истражувања, односно, да се види во кој регион до кој степен се иселуваат, која категорија на население се иселува. Во кои региони се населуваат во светот, тоа е многу важно, со кои компетенции таму се стекнуваат и кои се изгледите тие повторно да се вратат во државата, изјави Страшко Стојановски, Правен факултет-УГД- Штип.
Во делот на внатрешните миграции, истражувањата говорат дека суштинска децентрализација ќе значи врзување на младиот човек за локалниот простор во кој живее и работи, исто како што тоа се покажа со дисперзираните студиски програми во високото образование.
-Анализите покажуваат дека 60% би останале во сопствената локална средина или во блиската локална средина, ако имаат квалитетен концепт на образование и ако имаат квалитетни елементи за продолжување после образованието на пазарот на трудот или она што претставува граѓанско општество- изјави Кире Барбареев, УГД-Штип.
-Младите мора да се вклучат во процесот на донесување на одлуки и тоа особено на локално ниво. Не само за прашања кои ги тангираат младите, туку за сите прашања, од урбанизама, до стратегии, инфраструктура, за се младите мора да бидат прашани, додаде Стојановски.
Во публикацијата, „одливот на мозоци“ е обработен од повеќе апсекти и дали младите веруваат во капацитативноста на ова општество да направи пристоен и квалитетен живот за оние одлучиле да останат и да живеат овде.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар