Најстариот човек на светот го прослави својот 112. роденден
Најстариот човек на светот, Џон Тинисвуд го прослави својот 112. роденден во домот за стари лица во англискиот крајбрежен град Саутпорт, каде што е сместен. Роден е во Ливерпул, на 26 август 1912, а во април оваа година стана најстариот човек на светот. Тој, инаку, вели дека неговата долговечност е „чиста среќа“.
- Немам никаков таен рецепт, немам поим зошто живеам толку долго. Не ги чувствувам тие години и не се возбудувам од рекордите. Претпоставувам дека затоа и ги доживеав, вели Тинисвуд. Тој не споделува никакви совети за долг живот и нема некоја посебна диета. - Јадам што ми даваат!, вели кусо Џон.
Во мигов, најстарата жена и најстариот човек на светот е 116-годишната Јапонка Томико Итоока.
Покрај тоа што е најстариот човек на светот, Џон е и најстариот жив навивач на ФК Ливерпул. Тој е роден само 20 години по основањето на славниот клуб и на некој начин бил сведок на 17 од 19-те титули на Ливерпул, и сите осум освоени ФА-купови. Новиот рекордер е во пензија од 1972 година, а вдовец од 1986 година. Со својата покојна сопруга има ќерка која лани наполни 80 години.
Ново на Сител
-
Трамп: Доаѓа златна доба за САД
-
Се подготвува нов Закон за судска служба
-
Фетаи: Јавната администрација е пренатрупана
-
Општина Охрид ќе награди пожарникари кои се бореа со пожарите
-
Прилеп конечно после години доби проект за нов театар
-
Преглед на вестите од светот
-
Дали и каде има пропусти при третманот на бебето од Струмица кое почина на детска?
-
Тема на денот со Изет Меџити, вицепремиер