Најмалку едно лице загина во страшно невреме во Истанбул | ВИДЕО
Попладнево катастрофално невреме го погоди Истанбул и други делови од Турција, загина најмалку едно лице а нанесена е голема материјална штета на градот.
Според турските медиуми, една жена е убиена во квартот Есенјурт во Истанбул, каде од силни удари бил откорнат дел од покривот кој паднал врз неа и врз нејзиното дете, јавува државната агенција Анадолија. Детето преживеало, но се здобило со тешки повреди.
На друго место во градот, ветрот сруши саат-кула, откорна дрвја и преврти најмалку три камиони. Најмалку осум лица се повредени.
Босфорот, тесен воден пат што го дели градот, е затворен за поморски сообраќај, а фериботите се откажани.
Најмалку шест летови на „Туркиш ерлајнс“ што требаше да слетаат во Истанбул се пренасочени кон Анкара и Измир, изјави портпаролот на авиокомпанијата.
Силните ветрови, исто така, ги принудија властите да ги откажат фериботите меѓу крајбрежните одморалишта Бодрум и Датка.
Ново на Сител
-
Разрешен директорот на Агенцијата за разузнавање
-
Тема на денот со Јован Деспотовски, кандидат за претседател на СДСМ
-
Бајдевски засега останува во трката
-
Петровска се повлече од трката за претседател на СДСМ, обвинува за нефер изборен процес
-
Прва владина седница
-
Балансерот заминува во историјата, со ова се поткопува Охридскиот договор - Реагира ДУИ
-
По Главчев и Мицотакис се жалел во Брисел дека Македонија не ги исполнува обврските
-
Преполовен бројот на Македонци во Албанија, првпат потпишани и Бугари