Свет
28. January 2016 - 19:12

Најмалку четири деца загинаа во вкрстен оган во Северен Синај

Најмалку четири деца загинаа и осум беа ранети, кога се нашле во вркстен оган меѓу египетските сили за безбедност и екстремисти во египетската провинција Северен Синај, соопштија медински извори.

Бунтовниците и силите за безбедност се судриле во градот Рафах. Гранати паднале врз куќа, каде што живееле жртвите, соопшти изворот од силите за безбедност.

Настраданите се одведени во централната болница на градот, а борбите продолжуваат.

Египетскиот огранок на џихадистичката група „Исламска држава“, ја презеде одговорноста за бомбашкиот напад на Синајскиот полуостров вчера, во кој загинаа четворица војници.