Loading Video...
Свет
13. December 2018 - 22:50

Најмалку 9 загинати во железничка несреќа во Турција

Најмалку 9 лица загинаа а 47 се повредени во железничка несреќа во Турција.  Брз воз кој сообраќал на релација Анкара –Коња излетал од шините  и удрил во пешачки надвозник, откако се судрил со  локомотива која вршела контрола на пругата. Локомотивата воопшто не требало да биде на шините во тоа време соопшти министерството за транспорт. . Несреќата се случила во близина на железничката станица Марсандиз во близина на Анкара, на која брзиот воз не застанува.  Тројца од повредените се во кртична состојба.  Во тек е истрага за случајот.