Свет
22. August 2017 - 10:33

Најмалку 42 цивили убиени во нападите на антиџихадистичката коалиција во сирискиот град Рака

Најмалку 42 цивили беа убиени вчера откако антиџихадистичката коалиција предводена од САД гранатираше цели во сирискиот град Ракка, соопшти Сирискиот центар за човекови права.

Меѓу жртвите има 12 жени и 19 деца. Ударите погодија неколку населби во северниот дел на Рака.