Најмалку 16 погинати во свлечиште во село во западна Индија
Најмалку 16 лица загинаа, а многу повеќе се затрупани кога обилните монсунски дождови предизвикаа свлечиште во планинско село во западната индиска држава Махараштра, соопштија денеска државните власти.
Десетици спасувачи и обучени планинари се распоредени за да најдат преживеани под купиштата кал,земја и карпи, но тешките временски услови ги отежнуваат спасувачките напори.
Американските медиуми јавуваат дека локалните власти испратиле медицински тимови да им помогнат на повредените.
Свлечиштето било предизвикано среде ноќ во селото Иршалвади, на околу 60 километри од Мумбај, јавија медиумите, повикувајќи се на официјални претставници.
Надлежните изјавија дека во селото има вкупно 48 семејства, а околу 75 лица се евакуирани.
Обилните монсунски дождови ги затворија училиштата, ги поплавија патиштата и ги прекинаа железничките услуги низ најбогатата индиска држава Махараштра.
Училиштата и колеџите во Мумбај денеска се затворени.
Ново на Сител
-
Сашо Дранго ќе биде разрешен доколку се потврди дека ја застрелал мечката, најави Мицкоски
-
Над 3.000 универзитетски професори во Србија ги поддржаа студентите
-
Најмалку пет лица загинаа во зимската бура во САД
-
Александар Тарабунов со нова песна - „Снегови“
-
Ердоган: Турција ќе воведе 5Г мрежа во 2026 година
-
Српските специјалци ликвидираа маж кој уби едно лице во Јагодина
-
Бројот на загинати од земјотресот во Тибет се искачи на 95
-
Прегазен 66-годишен пешак во Тетово, сторителот побегнал