Балкан
9. September 2016 - 8:31

Над 900 војници од девет земји учествуваат во воена вежба во Романија

Над 900 војници од девет земји, вклучувајќи ја и Романија учествуваат во мултинационалната вежба на силите за специјални операции.

Во вежбата, која се одржуваат во периодот од 5 до 22 септември во различни делови на Романија, учествуваат војници од Грузија, Грција, Велика Британија, Португалија, Молдавија, Полска, Словенија и САД. 

Целта на вежбата е врз основа на фиктивно сценарио да се подготват структурите на силите за специјални операции за планирање. организирање, раководење и извршување на независни специјални операции, се посочува во соопштението на романското Министерство за одбрана.