Над 340 потреси регистрирани во Албанија по земјотресот од саботата
Албанскиот институт за геолошки науки, енергија, вода и животна средина соопшти дека повеќе од 340 последователни земјотреси се регистрирани по земјотресот со интензитет од 5,8 степени што го погоди Драч во саботата попладне.
Околу 600 домови, претежно изградени пред 1990 година, претрпеа штета во земјотресот, кој исто така накратко го прекина снабдувањето со вода и електрична енергија во Тирана, Драч и некои западни и централни делови, соопштија властите. Повредени се 105 луѓе.
Потресот се почувствува долж западниот брег далеку кон исток. Многу луѓе излегоа надвор од домовите кога земјотресот погоди во саботата во 16:04 часот. Најмалку 500 луѓе ја минаа ноќта во привремени засолништа.
Инспекторите вчера проценуваа оштетени згради, а на некои жители на главниот град Тирана им било кажано да не се враќаат во своите станови, кои биле проценети за небезбедни.
Во Драч, армијата постави шатори на фудбалскиот стадион каде им беа испратени храна и медицински тим за жители кои се плашеа да се вратат дома и кои планираа да поминат следната вечер пред своите домови.
Премиерот Еди Рама рече дека добил повици од европски колеги кои понудиле помош.
Ново на Сител
-
Експерти: Стабилна влада во Софија отвора пат за дијалог со Скопје
-
Тема на денот со Бојан Трпевски, Македонско здружение на млади правници
-
Ново проширување на позитивна листа на лекови на лето
-
Дирекцијата за заштита и спасување без план во случаи на пожар, поплава или земјотрес
-
Денеска завршува мерката „Новогодишна кошница“
-
Втор ден протест во администрацијата
-
Дали во ИЈЗ се вработувале административци без положен испит за службеници?
-
Муцунски и Рокас оптимисти – Дали во 2025-та Македонија ќе ги почне преговорите за членство во ЕУ?