Начекала змија во тоалетот, но тоа не било единствениот шок!
Замислете да најдете змија во WC школката! Токму тоа ѝ се случило на Соња Делиќ од Хрватска, која во тоалетот здогледала змија долга еден метар, пишува „Слободна Далмација“.
„Единствена среќа е тоа што јас имам навика секогаш пред вршење нужда да пуштам малку вода и секогаш да го спуштам капакот. Така и ја забележав. Само што сакав да седнам, кога гледам пред мене нешто темно, свиткано. Прво ми се причини дека можеби внатре внукот фрлил некаква црна гума или нешто слично, а потоа...шок! А, што да ви кажам, навистина доживеав шок кога сфатив дека тоа всушност е некакво змииште“, раскажала Соња.
Таа веднаш ја затворила WC школката и се јавила во ветеринарската станица во Сплит, но бидејќи било викенд, веројатно не работеле, па потоа повикала 112. Таму ја упатиле дека мора да се јави во Загреб, затоа што во Сплит немало никој задолжен за змии.
„О, мили Боже, па што требаше јас да направам? Да чекам да ми дојдат од Загреб... Кој знае, можеби Бандиќ (градоначалникот на Загреб) ќе дојдеше, тој сигурно брзо би го средил тоа“, се пошегувала Соња.
Нејзе дури ѝ рекле дека никако не смее да ја убие змијата, затоа што можеби станува збор за заштитен вид, па би можела да добие и парична казна.
„Не можев да верувам што ми зборува тој човек! Што требаше да правам, да чекам змијата да изведе јајца или да ја земам за врат, малку да ја прошетам во шумата“, рекла Соња за „Слободна Далмација“.
На крајот пожарникарите дошле да ѝ помогнат и ја ослободиле од змијата.
Ново на Сител
-
Делегација на ЕУ донира 6 еколошки автобуси на ЈСП
-
Владата очекува конструктивна средба Сиљановска-Филипче
-
80 години од прогласувањето на македонскиот јазик како службен
-
„Мојот антикорупциски дневник“ - Младите против корупцијата преку едукација и отпорност
-
Хотелиерите оптимисти околу изградбата на автопатот
-
Преглед на вестите од светот
-
Банките чекаат официјален допис, бизнисот условите за унгарскиот кредит
-
Тема на денот со Петар Арсовски