На Вевчанската Академија промовирани дела од творештвото на Бранко Цветковски
Во рамки на одбележувањето една година од формирањето на Академијата на убавите уметности од Вевчани денеска во Вевчани беа промовирани шестте томови избраните дела од книжевното творештво на познатиот македонски поет и литературен критичар Бранко Цветкоски.
За творештвото на Цветковски, кој е и член на Академијата, говореше писателот Братислав Ташковски, а делови од неговото книжевно творештво ќе интерпретира актерот Робер Вељановски.
Бранко Цветковски, според промоторот Ташковски, е автор кој заслужува внимание од критиката и читателската публика и забележителен со големи вредности.
- Автор кој со своите 20-тина книги остава впечаток забележан од критиката, наградуван, многу читан и што е најважно преведуван на многу светски јазици. Неговата поезија е лирска фортификација каде што тој преку своите сеќавања, пориви го оформува своето поетско живо тело и секој автор пишува додека е жив, истакна Ташковски.
По повод 60-годишнината од раѓањето на Цветкоски и 40-годишнината од неговото стартување во македонската литературна арена, во издание на „Макавеј“ од Скопје, неодамна излезе шестомен избор од неговото творештво: во првите два тома е селекцијата од неговата поезија, во третиот том е изборот од неговата обемна критичко-есеистичка актива посветена на македонските и на повеќе светски писатели, во четвртиот том за творештвото на Цветкоски се објавени 38 есеи и огледи од сите генарации македонски писатели и критичари, а во петтиот и шестиот том се презентирани поетски книги на Цветкоски објавени на 18 светски јазици.
Бранко Цветкоски е носител на врвни државни, книжевни и општествени награди во Република Македонија и на девет престижни меѓународни книжевни признанија и одликувања.
Ново на Сител
-
Перински во Чаир: Владата стои зад општините
-
УГД ќе гради нова зграда за факултетот по медицински науки
-
Обучени волонтери ќе се вклучуваат во гаснење пожари
-
Карневалски подготовки во Струмица
-
Реконструкција на Охридскиот аеродром и Скопската болница
-
Преглед на вестите од светот
-
Чествување на Свети Ѓорѓи Кратовски
-
Избори во Германија