Македонија
17. July 2021 - 12:27

На „Табановце“ и „Богородица“ зголемена фреквенција на возила

 Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце и ГП Богородица се бележи зголемена фреквенција на возила.

- На ГП Табановце времето на чекање за влез и излез од државата е околу 45 минути, додека на ГП Богородица времето на чекање за излез од државата е од 15 до 30 минути, информира АМСМ.

На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.