Свет
30. November 2018 - 10:11

На Русите од 16 до 60 години им е забранет влез во Украина

Киев им забрани влез во Украина на Русите на возраст од 16 до 60 години.

Украинскиот претседател Петро Порошенко на Твитер објави дека мерката е воведена за да се спречат Русите да формираат „приватни армии“ за борби на украинска територија.

Одлуката за забрана ја соопшти и шефот на украинската погранична служба Петро Цигикал и додаде дека на контролните пунктови се зајакнати мерките за контрола.

Од 28 ноември во некои делови на Украина во сила е 30-дневна воена состојба откако руските сили на 25 ноември запленија три бродови на украинската морнарица во Керченскиот Теснец, меѓу Црното и Азовското Море, со образложение дека нелегално влегле во руски територијални води.