Живот
9. February 2016 - 21:16

На патниците им го „скрати“ животот: Погледнете го неуспешното слетување на авионот!

Авион на компанијата „Alitalia“ имал проблеми при слетувањето на лондонскиот аеродром поради бура, при што патниците во авионот патниците буквално доживеале шок!

Пилотот при слетувањето имал проблеми да го „скроти“ леталото, кое под налетот на силниот ветер било несовладливо, пренесе Мирор.

Цело време, патниците биле во авионот и проживувале сцена од некој страшен и драматичен филм.

Неизвесно било дали пилотот ќе успее да го приземји авионот или ќе дојде до несреќа со голем број жртви.