Македонија
25. July 2024 - 13:03

На ГП Табановце за влез во државата се чека околу еден час, а на ГП Богородица за излез околу 30-40 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информираа од АМСМ.

На ГП Табановце за влез во државата време на чекање е околу 1 час, а на ГП Богородица за излез е околу 30-40 мин. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.