Бизарно но вистинито
3. July 2015 - 11:53

На Фестивал во Данска се собираат 25.000 литри урина за производство на пиво

Организаторите на данскиот Рокси фестивал планираат да соберат 25.000 литри урина за фертилизирање на јачмен, од кои потоа ќе направат пиво.

Сите учесници на Фестивалот кои сакаат да даваат свој скромен „придонес“ ќе можат да уринираат во метално корито, а потоа урината од него со специјално дизајнирани резервоари ќе се пренесуваат во полињата во близина, со цел да го фертилизираат пивскиот јачмен.

Организаторите се надеваат дека ќе соберат 25.000 литри урина од околу 100.000 посетители.

На овогодишниот Рокси фестивал ќе настапат „Флоренс енд д Машин“, Фарел Вилијамс, Пол Макартни и многу други познати музичари.

Ако помине се како што е планирано, на посетителите на Фестивалот во 2017 година ќе им се служи пиво со фертилизирана урина.