На „Битола Шекспир фестивал“ вечер Драмскиот и куклен театар од Бугарија
На „Битола Шекспир фестивал“ синоќа беше прикажана претставата „Отело“ на Турскиот театар, во режија на Дејан Пројковски.
Улогите ги толкуваа Џенап Самет (Отело), Сузан Акбелге (Дездемона), Селпин Керим (Јаго), Осман Али (Касио), Зубејде Али (Емилија) и Неат Али (Родриго).
Турскиот театар со оваа претстава гостуваше и на 25. Меѓународен театарски фестивал „Варненско лето“ во Варна.
На фестивалската програма вечер се Драмскиот и куклен театар „Иван Радоев“ од Плевен, Бугарија, со претставата „Симбелин“ во режија на Лили Абаџиева.
„Битола Шекспир фестивал“, е дел од мрежата на европската асоцијација на Шекспир Фестивали во која членуваат земји кои со голем пиетет го негуваат вербалното и сценското богатство на Шекспир. Фестивалот се одржува покровителство на Министерството за култура и општина Битола.
Ново на Сител
-
Стартува грејната сезона - Дел од граѓаните се жалат дека се разбудиле со ладни радијатори
-
Министерката за образование на увид на реконструкцијата на студенскиот дом „Кузман“
-
Конгресниот туризам ја продолжува сезоната
-
Со 3 милиони евра Општина Штип ќе го гради најголемиот еко-парк на Истокот
-
Преглед на вестите од светот
-
Се толерираат ли нестручни кадри во здравствениот систем?
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за европски прашања
-
Преглед на вести од светот