Полицијата го расчисти случајот со пукањето во Чаир, приведени четири лица
СВР Скопје го расчисти случајот со синоќешното пукање на ул. „Христијан Тодоровски- Карпош“, во близина на општина Чаир, кога од огнено оружје во левата нога е повреден Е.А. (35) од Скопје.
- Веднаш по добиената пријава преземени се опсежни мерки и активности од страна на полициски службеници од СВР Скопје – Единица за насилен криминал, во координација со „Безбеден град“ Скопје, како и OJO Скопје, при што се утврдени сите учесници во кривично правниот настан и тоа: Л.А. (32) и И.Т. (30), кои се лишени од слобода и задржани во полициска станица за понатамошна постапка, како и А.Р. (29) и М.И. (32), осудени лица на издржување на казна затвор во КПУ Идризово, а кои во текот на 14.10.2024 година, во времето на извршувањето на кривичното дело, користеле излез од затворот Идризово, по основ на работен ангажман, соопштија од МВР.
Од самото место подигнати се траги од биолошко потекло, применети се апликатори за барутен тест од утврдените учесници во кривично правниот настан, обезбедени се видео записи од „Безбеден град", а исто така утврдено е и возилото со кое едниот сторител доаѓа на лице место, по што истото е подигнато за криминалистичко техничка обработка.
По целосно документирање на настанот, во координација со OJO Скопје, од страна на ЕНК при СВР Скопје ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Ново на Сител
-
Defender на џез авантура – Ексклузивен спонзор на Скопски џез фестивал
-
Лекарската комора ќе го разгледува извештајот за починатото бебе во Скопје
-
За една недела пет нови случаи на пертусис на ниво на Центар за јавно здравје Куманово
-
Во петок и сабота повремени локални врнежи и пониски температури
-
Судир на мопед и електричен тротинет, едно лице повредено
-
Уапсено лице од Турција, барано од Интерпол
-
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
-
Еуроњуз: Јавниот превоз во Македонија меѓу најлошите во Европа