-->
-->
На 47-годишна возраст почина ракометниот тренер Андон Бошковски
-->
Синоќа ненадејно на 47 годишна возраст починал познатиот македонски тренер Андон Бошковски, соопштија од Ракомента федерација на Македонија.
Бошковски беше роден на 5 октомври 1974 година. Како играч настапуваше за составот на Работнички и за кадетската репрезентација на Македонија пред млад да ја заврши играчката кариера поради повреда на раката.
Работеше како тренер во Металург, Вардар, Струга, Голден Арт, Радовиш. Последниот ангажман го имаше на Косово. Беше дел и од стручниот штаб на ракометната репрезентација на Македонија каде работеше во периодот од 2008 до 2013 година.
Неодамна македонскиот ракомет остана и без таткото на Андон и еден од основоположниците на ракометот во нашата земја Лефтер Бошковски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра