МЗШВ:Досегашните ниски температури не предизвикуваат штети врз земјоделските култури
Досегашните минимални температури забележани во државата нема да предизвикаат штети врз земјоделските култури, а моменталните ниски температури не се невообичаени за овој период и многу често ги имало во овој период од годината, порачуваат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).
-Временските услови се вообичаени, исто така и температурите, така што засега не треба да има загриженост за штети врз земјоделските култури. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство заедно со Управата за хидрометеоролошки работи ќе ја следат состојбата со ниските температури и нивното влијание врз земјоделските култури и доколку се случат евентуални штети навреме ќе се реагира со соодветни мерки, посочуваат од МЗШВ.
Од Управата за хидрометеоролошки работи, пак, информираат дека овошките во овој период од зимата издржуваат до минус 28 степени, додека виновата лоза до минус 18 или минус 20 степени, а такви температури, според МЗШВ, не се забележани досега во регионите каде што се најзастапени овие култури.
-Со оглед на фактот дека режењето на виновата лоза не е изведено, доколку се случи понатамошен пад на температурите, евентуалните измрзнати ластари во наредниот период би се корегирале со самото кроење. Опасноста кај овошките е уште помала заради поголемата издржливост, велат од МЗШВ.
Во наредниот период, додаваат, се очекуваат ниски минимални температури во границите до минус 20 степени, што сепак не се невообичаени, а тука треба да се има и во предвид податокот дека во изминатите неколку дена имавме вакви или слични температури, што дополнително ги подготвија овошките и виновата лоза за пониски минимални температури. Во однос на житните култури, снежната покривка изврши целосна заштита врз нив и нема да предизвика штети, бидејќи нивната издржливост во вакви зимски услови е поголема.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Обвинителството да открие зошто сум бил следен
-
СДСМ бара оставка од членката на антикорупциска Данка Ристовска поради судир на интереси
-
Тошковски: Не е утврдена вина кај полицаецот од Куманово кој го симна албанското знаме
-
Што сработе МВР во 2024
-
На вонредна седница на Влада ќе ги замрзнеме цените ако има нагло поскапување, рече Дурмиши
-
Со пакет од четири закони до департизација на јавниот сектор
-
Здравството пред колапс - Инфективна без доволно кадар
-
Дали дијабетичарите ќе останат без терапија?