МЗ: Вакцините против Ковид-19 ја намалуваат појавата на компликации и смртен исход од болеста
Вакцините против Ковид 19 ја намалуваат појавата на компликации и смртен исход од болеста, за да се постигне целта на вакцинацијата неопходно е да се вакцинираат што поголем број граѓани.
Вакцини во нашата земја има доволно, а процесот на имунизација функционира одлично, за релативно краток период вакцинирани се голем број граѓани изложени на поголем ризик на компликации од болеста : 58% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 55% од населението над 65 години имаат примено барем една доза вакцина, 50% од населението над 60 години имаат примено барем една доза вакцина, 40% од населението над 50 години имаат примено барем една доза вакцина.
Министерството за здравство апелира до граѓаните да се вакцинираат, вакцинирањето е без закажување термин, а вакцините се достапни за секого.
Ново на Сител
-
Во Македонија над 140 луѓе годишно гинат во сообраќајки: Кога ќе профункционира Сејф сити?
-
Протестите со поддршка и од премиерот
-
Протест за смртта на Фросина и во Неготино
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО - ДПМНЕ
-
Нови несогласувања помеѓу лекари и директорката на клиниката за деца „Козле“
-
Протест за смртта на Фросина
-
Има ли одговорност кај обвинителството и судството?
-
Бојкот на маркетите поради високите цени