МВР со детали за убиството во тетовско - едно лице уапсено
Вчера во 13 часот и 45 минути во СВР Тетово пријавено е дека во кругот на фирма лоцирана во село Прељубиште во безсознание било пронајдено лицето Ј.М. (59), холандски државјанин и сопственик на фирмата, соопштуваат од МВР.
Од полиција велат дека од страна на итна медицинска помош, повикана на местото на настанот, било констатирано дека Ј.М. бил починат.
Според првичните сознанија, на настанот му претходела расправија и тепачка меѓу сопственикот на фирмата и лицето С.Р. од село Јанчиште вработено во истата.
По насока на Јавен обвинител екипа на СВР Тетово изврши увид на местото на настанот.
По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е дадано на обдукција.
Лицето С.Р е приведено и задржано во ПС-Тетово. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на кривично дело “убиство“.
Ново на Сител
-
Мицкоски го почна премиерскиот мандат
-
Герапетритис: Уставното име е за севкупна употреба
-
Се санираат штетите од невремето во Тетово
-
Скопје ги сумира штетите од невремето
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Владимир Божиновски
-
Комуналните претпријатија на обука за имплементација на Скада системот
-
Анализа: Дали Руската православна црква е инструмент за спроведување на политиките на Путин?