МВР презема мерки за расчистување на случајот со прославата на роденденот во Министерството за политички систем
Министерството за внатрешни работи денеска добило пријава за случајот со прославата на роденденот на лидерот на ДУИ Али Ахмети вчера во новите простории на Министерството за политички систем, на која членови од врвот на партијата не носеле заштитни маски, по која веќе постапува и за која бил известен и јавен обвинител. МВР по добиените насоки од него, презема мерки и активности за расчистување на случајот.
Согласно своите надлежности, велат од МВР, Државниот инспекторат за труд веќе најави вонреден инспекциски надзор во врска со почитување на мерките, препораките и одлуките на Владата на Република Македонија заради заштита од ширењето на зараза од коронавирусот на вработените во оваа институција.
-Министерството за внатрешни работи, пак, согласно своите надлежности, постапува по пријава примена во текот на денешниот ден, во врска со која е известен Јавниот обвинител и по добиeните насоки од него, а во согласност со Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразна болест COVID 19 предизвикана од вирусот SARS COV 2, случаите и временскиот период на нивна примена („Службен весник на РМ“, бр.298 од 16.12.2020), презема мерки и активности за целосно расчистување на случајот, по што ќе следуваат соодветни поднесоци, изјави началникот на Одделение за информации од јавен карактер во МВР Сузана Прањиќ Талевска.
Ново на Сител
-
Спасовски за дојавувачите на бомби: Има група, кога ќе имаме докази ќе има и кривична
-
Петти ден на протест вработените во Министерствтото за култура
-
Арсовска бара поддршка од советниците за еко-автобусите
-
Стефковски: Барам Град Скопје да ги врати старите имиња на улиците во Гази Баба
-
Кинеското министерство за одбрана: Кина е подготвена да соработува со Русија за воените прашања
-
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска да ја отстапат реконструкцијата на Универзална сала на Владата
-
За викендот времето ќе биде променливо облачно и топло
-
Полицијата уапси повеќе лица - кај нив била пронајдена марихуана