МВР: Министерот Чулев во ниту еден момент и дискусија не ги нарекол граѓаните „агресивни“
Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев во целост ги демантира наводите објавени во текстот со наслов „ Чулев бил против пофлексибилно движење за 1 мај, а граѓаните ги нарекол агресивни“.
Ставот на министерот Чулев е дека одлуките кои ги носи владата не треба да бидат во насока на заострување на мерките за ограничување на движењето и истиот е презентиран во рамки на сите тела на Владата и веќе е познат за јавноста. Напишано на овие интернет портали е комплетна невистина, Министерот Чулев во ниту еден момент и во ниту една дискусија не ги нарекол граѓаните „агресивни“, напротив неговиот став е дека секое дополнително ограничување на движењето може да се одрази негативно на сите нив.
Тој во вчерашната изјава апелираше до граѓаните да ги почитуваат одлуките кои се однесуваат на задолжителна употреба на соодветна заштитна опрема, а Министерството за внатрешни работи, односно полициските службеници и понатаму ќе стојат во првите редови во заштита на животот и здравјето на сите нас.
Апелираме до медиумите да се водржат од ширење лажни и неточни вести, а професионалните медиумски организации да го осудат ваквото ширење лажни вести.
Ново на Сител
-
И ДУИ и Вреди со завршни митинзи во Тетово во понеделник
-
Кампања за парламентарни избори
-
Осигурителните компании не ги поевтинија полисите
-
Штрајк од први јуни ако не им се исполнат барањата: Вработените во ФЗОМ одржаа предупредувачки протест
-
Почна протестот на вработените во ФЗОМ
-
Парламентарни избори 2024 - се заострува реториката помеѓу партиите
-
Пендаровски и Силјановска и денеска на терен
-
140 социјално загрозени семејства од Прилеп ќе добијат пакети храна и пари пред Велигден