МВР: Кандидатите за полицајци ќе полагаат испит од областа на сообраќајот
Во периодот од 12 до 15 февруари годинава, во сите Сектори на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, ќе се спроведува практичен испит од областа на сообраќајот - Контрола на возила и возачи за 610 кандидати од Основна обука за полицаец 2017/18 година, соопшти МВР.
Во рамки на Секторот за внатрешни работи Скопје поради големиот број на кандидати (456) испитот ќе се одвива четири дена, од 12 до 15 февруари во периодот од 10:00 до 17:00 часот. Притоа испитот ќе се спроведе во централното градско подрачје, каде на претходно определени места ќе се сопираат возила и ќе биде вршена проверка на возачот и возилото од страна на кандидатите заедно со полициски службеници кои ќе ги оценуваат истите.
Во понеделник испит ќе се спроведе на подрачјето на Секторите за внатрешни работи Тетово, Штип и Струмица. На 13.02. (вторник) на подрачјето на СВР Охрид, на 14.02. (среда) во Битола и на 15.02. (четврток) на подрачјето на Секторите за внатрешни работи Куманово и Велес.
МВР апелира до граѓаните да покажат разбирање и соработка со цел успешно спроведување на практичниот испит.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Епископ Делчевско-каменички Марко
-
Православните христијани денеска го празнуваат Божиќ
-
Честитки од политичарите за Божиќ
-
Сиљановска и Мицкоски на иста линија - Законот за заштита на децата ќе се усогласи со Уставот
-
Мицкоски: Добро е да има стабилна влада во Бугарија
-
Македонија меѓу 5-те најброзрастечки економии во Европа
-
Отровен Божиќ за скопјани - Прв загаден град во Европа, трет во светот
-
Божиќен ручек во Прилеп по 19-ти пат