Муслиманите го слават Курбан Бајрам
Верниците од муслиманската вероисповед денеска го слават празникот Курбан Бајрам.
Со утринската молитва сабах-намаз, а потоа и со молитвата бајрам-намаз почнува тридневна прослава, во која почитта кон Алах муслиманите ја искажуваат со колење курбан.
Курбан Бајрам е 70 дена по првиот Бајрам во годината, Фитр Бајрам, а го обележува денот кога е комплетиран Светиот куран.
Хуманизмот, хармоничните односи меѓу луѓето, меѓу човекот и светот и стремежот кон мир и благосостојба, како основни принципи на Исламот, на Бајрам се исполнуваат со посетување на роднините и пријателите и со честитки и добри желби за секој намерник.
Со овој празник се крунисува аџилакот, кој важи за петти темел на исламот, кој е доказ за солидарност и благосостојба.
Поглаварот на Исламската верска заедница во Република Македонија Реис ул Улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи по повод Курбан Бајрам упати порака и честитка до муслиманските верници.
Првиот ден на Курбан Бајрам, 21 август е неработен ден за верниците од муслиманската вероисповед во Република Македонија.
Ново на Сител
-
Во полициска акција во шест европски земји уапсени 17 членови на албанска нарко организација
-
Тешко повреден работник во фирма во Скопје
-
Финансиска и логистичка поддршка за македонскиот олимписки спорт од меѓународните олимписки организации
-
239 куршуми одземени од кичевчанец
-
Малолетно девојче нападнато и ограбено во Аеродром
-
43-годишник не прифатил знак за запирање и со возило се обидел да удри во полицаец
-
Сообраќајот на автопатот Скопје - Велес пред Катланово пренасочен преку езерото Младост
-
Владата на Србија предложи нападот врз здравствените работници да биде посебно кривично дело