Македонија
28. March 2018 - 13:53

Мухамед Зекири за Иванов: Од ФИКУС друго и не може да се очекува

На својот профил на Фејсбук пратеникот и потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, остро го критикува Претседателот на Република Македонија,  Ѓорге Иванов.

„Од ФИКУС друго и не може да се очекува.. Членството во НАТО и ЕУ се единствената алтернатива на Македонија, но очигледно ФИКУСОТ продолжува да сонува со отворени очи и свесно работи да го попречува тоа што и самиот знае дека не може да го спречи, членството на Македонија во евроатлантските структури !!!“, стои во Фејсбук статусот на Зекири.