Муцунски во Унгарија на средба со Сијарто
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денеска на покана на министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, престојува во работна посета на Будимпешта.
Централни теми во разговорите на министрите, како што соопштија од МНР, се очекува да бидат тридецениското пријателство и напредокот на севкупните билатерални односи на двете земји, одличната трговска соработка, перспективите и предизвиците на процесот на европската интеграција на нашата земја и во тој контекст, недвосмислената и континуирана поддршка на Унгарија во процесот на ЕУ проширувањето, особено за време на нивното претседавање со Советот на ЕУ во втората половина на 2024 година.
По средбата на двајцата министри, предвидена е прес-конференција за медиумите.
Во рамки на посетата министерот Муцунски, најавено е да оствари одвоена средба и со Иштван Јакаб, заменик претседател на националното Собрание на Унгарија и претседател на Групата за пријателство на Унгарија со земјите од Југоисточна Европа, a ќе одржи и предавање пред студентите на Унгарската дипломатска академија и колеги од МНРТ на Унгарија.
Ново на Сител
-
Рокас: Политичките сили да се обединат за донесување на уставните измени
-
Ѓорѓиев: Дијалог постои, нова средба со историчарите кон крај на година
-
Македонија и Бугарија се договорија за железницата - ќе се ревидира проектот и цената за изградба
-
Обвинителството ќе ги проверува сертификатите на директорот на АНБ
-
Политичари без двојни државјанства
-
Државата ќе ја плаќа каматата за унгарскиот кредит за фирмите
-
Заврши „есенската кошница“
-
АХВ: Не постои сериозна опасност за ширење на птичји грип од скопско Злокуќани