Му го наплати неверството 100.000 евра - еве како му се одмазди сопругата на Шабан Шаулиќ
Гордана Шаулиќ му договорила на сопругот 12 настапи во кафеана во Швајцарија и зела 100.000 евра однапред, а на Шабан не му оставила ниту динар.
На Шабан Шаулиќ од глава му се удри љубовната афера со Ивона Неговановиќ Цуца. Не само што се влечка низ медиумите туку и неговата сопруга Гордана го казни на свој начин, по џебот. Како што дознава магазинот Старс, госпоѓа Шаулиќ веќе подолго време работи како негова менаџерка и му договорила 12 настапи по ред во една кафеана во Швајцарија и тоа за 100.000 евра, кои си ги зела без да му остави ниту пара.
Гордана Шаулиќ со сопственикот на ресторанот потпишала договор за соработка и сите пари ги зела за себе и тоа однапред.
-Таа тоа го прави одамна, не е ништо ново. Гордана и Шабан имаат договор таа да ги зема парите од настапот, кои неретко достигнуваат и по 15.000 евра, а за него останува бакшишот. Меѓутоа овојпат му договорила 12 настапи во некоја кафеана во Швајцарија и зела однапред 100.000 евра, а за него не станало ништо. Тој мора сето тоа да го одработи, но многу му е напорно зошто не е повеќе млад да пее секоја вечер по кафеани по 7-8 часа, вели извор близок до кралот на фолкот.
Покрај пеење. Гордана во договорот потпишала и некои додатни услови кои немаат врска со музиката. Имено, Шабан мроа секое утро да биде во кафеаната за да ги анимира гостите и вечерта да дојдат на неговиот настап.
-Во договорот кој Шабан немал можност ниту да го прочита, постои точка во која пишува дека тој е обврзан по настапот во една кафеана да оди во друга за да го видат гостите во неа, а тој со своето присуство и приказни да ги анимира. Двата локали се во сопственост на ист човек, со тоа што другиот објект не е доволно разработен, па обврска на Шабан е секое утро 12 дена, да глуми гостин во тој локал. Таму би поминал по 6-7 часа од утро до пладне. Тој бил многу бесен поради тоа. Кога се слушнавме викаше дека Гордана го продала како да е мечка, па мора некого да забавува и тоа после половина век кариера. На сето тоа, бакшишот кој таму го добил бил многу мал и едвај ги покривал секојдневните трошоци, вели пријателот на Шабан.
Во обид медиумите да добијат изјава од Шабан тој останал недостапен, додека неговата сопруга ја прекинувала врската штом новинарите и го поставувале прашањето.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите