МТСП: Нема веќе предвремена исплата на пензиите
Со исплатата на пензијата за август се враќа редовниот начин на исплата место предвремената исплата на пензијата, која беше воведена поради прогласувањето на пандемија во државата и донесените мерки за заштита од коронавирусот.
- Поради завршувањето на пандемијата, деловните банки преку Македонската Банкарска Асоцијација (МБА) ја прекинуваат досегашната пракса за предвременото исплаќање на пензиите, со тоа што пензиите ќе се исплаќаат на први во месецот, директно од буџетот на државата, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
Од МТСП потсетуваат дека за време на траење на пандемијата, во соработка со деловните банки, се вршеше предвремена етапна исплата на пензиите во четири групи. Тоа беше дел од препораките и мерките за спречување и ширење на вирусот кај пензионерите како најранлива возрасна група. Целта, како што се наведува, беше да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје.
Ново на Сител
-
Нов обид за убиство на Раде Штекли – бомба одекна во Ќерамидница
-
Убиство од небрежност
-
Почна собраниската дебата за буџетот за 2025
-
Директорите незаконски си ги зголемиле платите додека Пошта тоне во длабока финаниска криза
-
Мицкоски ги повика турските компании да аплицираат за унгарскиот кредит
-
Мицкоски: Ако ги изгубиме локалните веднаш ќе одиме на предвремени избори
-
ДСЗИ ќе проверува дали Детска го решила проблемот со дежурстрвата на специјализантите
-
Дијабет центар во Прилеп