МТСП: На градинките им е укажано дека е на сила забрана за примање невакцинирани деца
Министерството за труд и социјална политика ги информирало сите државни и приватни градинки, дека Министерството за здравство прогласи епидемија на мали сипаници (морбили) во Скопје, согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, и им укажало дека е на сила забрана за примање деца во градинките кои не се вакцинирани од МРП (вакцина за морбили, рубеола и паротит).
Од Министерството информираат дека градинките се задолжени и да спроведат санитарно-хигиенски и противепидемиски мерки.
-Врз основа на горе наведеното Министерството за труд и социјална политика укажува дека треба да се почитуваат одлуките што се донесени од страна на Министерството за здравство. Укажувањата и препораките се во насока на превенција и поголема безбедност на децата, се вели во денешното соопштение од МТСП.
Од Министерството ги потсетуваат родителите дека казните за невакцинирање на децата се движат од 350 до 650 евра.
Ново на Сител
-
Пронајден телефон кај осомничениот за сообраќајката, контрола во затворот и најава за дисциплинска постапка
-
Тема на денот со Мариуш Бримора, амбасадор на Полска
-
Со повисоки казни до поголема безбедност во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ бара ревизија судски пресуди
-
Три обвинителства немаат обвинители – Само една третина од службеничките места се пополнети
-
Преполовен прометот на маркетите по вчерашниот бојкот
-
Земаат плата, а не одат на работа – Ревизорите со години детектираат вакви проблеми во институциите
-
СДСМ: Дали ќе го чекаме Косово на патот кон ЕУ?