-->
-->
Монографија и изложба во чест на Васил Иљоски
-->
Во Домот на културата во Крушево денеска ќе биде отворена изложба и ќе биде промовирана монографија во чест на Васил Иљоски. Ќе бидат прогласени и победниците на литературниот конкурс посветен на Иљоски.
Васил Иљоски е македонски драмски писател, есеист, критичар, книжевен историчар и истакнат педагошки работник. Бил член на МАНУ и на Друштвото на писателите на Македонија. Роден е во Крушево на 20 декември 1902, а починал во Скопје на 1 ноември 1995. Негови најпознати дела се пиесата „Бегалка“, комедијата „Чорбаџи Теодос“, драмата „Чест“ и други.
Настанот е во организација на Здружението на граѓани „Академик“ и е дел од програмата од национален интерес од областа на културата за 2015 година. Поддржан е од Министерството за култура.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Најмалку 20 загинати во поплавите во БиХ
-
Можен распад на Европскиот фронт на ДУИ поради Мендух Тачи
-
Затворена седница за ЕУ
-
Владата најавува нова модерна опрема за Армијата
-
Зградата во Чаир се уште небезбедна – Обвинителството чека услови за да почне истрага
-
Одложени следните две рочишта за убиствата на Вања и Панче – обвинетиот Видевски се уште е на нефрологија
-
Кривична пријава за шест затворски полицајци од Идризово - помогнале во бегство на група осуденици
-
Еден осуденик државата ја чини 10 илјади евра годишно