МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци
Министерството за образование и наука (МОН) информира дека од понеделник ќе почнат да се исплаќаат паричните надоместоци по основ на антикризната мерка за поддршка на семејствата на основци и средношколци.
Како што соопштија од МОН, на првиот работен ден од мандатот, министерката за образование и наука Весна Јаневска ги задолжи надлежните сектори да направат детален преглед на нереализираните финансиски обврски по секој еден ученик чие семејство ги исполнува условите и има поднесено апликација за остварување на ова право.
Врз основа на доставениот извештај, се направи план со динамика на исплата којa започнува од утре.
-Наместо краткорочни неквалитетни решенија, учениците и нивните семејства заслужуваат вистинска и континуирана системска поддршка за олеснување на воспитно – образовниот процес и за надминување на предизвиците со кои секојдневно се соочуваат последните неколку години. Со доаѓањето на новата Влада, младите ќе бидат во фокусот на политиките, а квалитетот на образованието и можностите за реализација на личниот потенцијал во границите на својата земја, плански и континуирано ќе се зголемуваат, велат од МОН.
Ново на Сител
-
Деца пронајдени во бесознание
-
Јаневска најави ревизија на универзитетите
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Петар Атанасовски, невролог во ГОБ „8ми Септември“
-
100 години Прилепска пиварница
-
Мицотакис: Имаме „оружје“ за тактиките на Мицкоски, ама не го откриваме
-
Воена помош и оружје - Донесен украински пакт за помош на Украина на НАТО самитот
-
СДСМ обвинува дека со кредитот државата оди во политичко заложништво, за власта ова се најповолни услови досега