-->
-->
Момчето исплашено лажело дека се самоповредило во студентски дом - било избодено на улица!
-->
17 годишно момче од Битола синоќа било нападнат со нож на улицата Партизанска. Веднаш по нападот момчето се упатило кај свои пријатели во студентскиот дом ,,Кочо Рацин,, каде со обилно крварење од грбот побарало помош. Неговите другари, двајца студенти од Кавадарци кои престојувале во домот, веднаш го одбеле во болница. Нападнатото момче сепак најверојатно се исплашило од напаѓачот поради што во полиција пријавило дека се самоповредил на тој начин што во студентскиот дом скокнал на кревет на кој што имало нож. Ваквата информација веднаш ги алармираше надлежните во студентскиот дом кои посочуваат дека нападот воопшто не бил во кругот на домот, ниту пак момчето е нивни станар.
Откако нападнатиот студент бил однесен во болница од страна на лекар констатирани се тешки телесни повреди и истиот е задржан на понатамошно лекување.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
„Вреди“ – Го обвини Груби дека стои зад инцидентите
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на движење ЗНАМ
-
Ученици од „7 март“ со импровизирани пушки и униформи од УЧК на приредба за денот на албанското знаме, МОН утре најавува инспекции
-
Нема доволно згрижувачки семејства во државата
-
УХМР: Врнежи од дожд и снег ќе има и вечерва и утре наутро во некои делови од државата
-
Снежните врнежи предизвикаа проблеми
-
ПСС - Најчести интревенции на заглавени возила на Галичица
-
ВМРО-ДПМНЕ го обвинува Коцевски