Могерини: На Албанија и се потребни реформа на судскиот систем и слободни избори
Високата претставничка на Европска унија за заедничка надворешна политика и безбедност Федерика Могерини синоќа изјави дека бојкотот на албанската опозиција на Парламентот ја спречува земјата да се интегрира и да се приседини кон ЕУ.
Таа на средбата со високи албански претставници и политички лидери истакна дека реформата на судскиот систем и организирање на слободни избори се двата неопходни чекори за да бидат убедени земјите-членки на ЕУ да почнат преговори за полноправно членство на Албанија.
- Подготвени сме да почнеме преговори веднаш штом почне примената на судската реформа, истакна Могерини на прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама.
Таа се сретна и со лидерот на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша. Опозицијата веќе две недели протестира бидејќи не верува дека парламентарните избори, што се закажани на 18 јуни, ќе бидат слободни и фер и бара формирање на техничка влада.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Биљана Митева, претседател на Македонско-Бугарска Стопанска Комора
-
Масовни протести во Белград по несреќата во Нови Сад: Српските служби ја продолжуваат истрагата
-
Расчистено убиството во Арачиново
-
Ризик од корупција и судир на интереси во Академијата за судии и обвинители?
-
Бизнисот на удар од корупцијата
-
Инспекторите ги чешлаат универзитетите
-
Се позачестени несреќите на планина
-
Виртуелна прошетка низ Трескавец