Мобилизацијата на „жолтите елеци“ е многу послаба од претходните саботи, но повторно судири на Елисејските полиња
Мобилизацијата на „жолтите елеци“ денеска е многу послаба во споредба со претходните саботи, јавува дописникот на МИА од Париз.
Ова е петтиот чин од мобилизацијата на „жолтите елеци“ кои истакнаа бројни барања, започнувајќи од зголемувањето на цените на горивото, а сега со многу поширока даночна лепеза на барања и противења на владината политика.
Денешниот ден доаѓа само пет дена по обраќањето на претседателот Емануел Макрон во кое тој даде извесен број на гаранции за куповната моќ на Французите по што се отвори широка дебата во Франција.
Во моментов силите на редот употребуваат солзавец на Шанзелизе, откако жолтите елеци – поточно насилниците започнаа да фрлаат разни предмети врз нив.
Денешниот ден на почетокот не наликуваше многу на претходните, почетокот на денот беше многу мирен и после 14 часот започнаа првите судири. Однесувањето на полицијата и дел од демоснтрантите многу наликува како пред 15 дена.
Општо земено, денешната мобилизација беше многу послаба во споредба со претходните денови во повеќе градови, не само во Париз.
Префектурата изброја дека во Париз има само околу 3 илјади демонстранти, односно низ цела Франција околу 20 000 демонстранти. Истовремено уапсени се 95 лица, а на на 63 им беше изречена мерка притвор, за споредба минатата сабота во исто време имаше веќе 475 притворени лица. На 199 места ширум Франција има блокади.
Низ цела Франција за безбедноста се грижат 69 000 припадници на силите на редот, со цел да се гарантира сигурноста по минатонеделните насилнички манифестации кои предизвикаа сериозна материјална штета.
Вчера вечер едно лице го загуби животот на границата меѓу Франција и Белгија, откако со својот автомобил удри во камион застанат на препречениот пат од „жолтите елеци“. Тоа е седмата жртва од почетокот на движењето.
Според некои проценки движењето на „жолтите елеци“ ги намалил приходите на трговците пред Божиќните празници за околу 2 милијарди евра.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Борко Ристовски, министер за спорт
-
Мицкоски оптимист за ЕУ интеграцијата и покрај ставовите на Кос
-
Гаши за уставните измени
-
Mицкоски ќе оди на средба со банкарите – да им го каже она што сакал да им го каже
-
Скопје на седмо место според загаден воздух во светот – почна сезоната на алармантно аерозагадување
-
Десет дена Виница се гуши во отпад
-
Граѓански собир во Охрид за решавање на проблемот со дивите депонии
-
Слаб интерес за приклучок на гасоводната мрежа во Струмица