МНР најостро ја осудува објавата на социјалните мрежи со палење знаме на Бугарија
Министерството за надворешни работи преку соопштение најостро ја осуди денешната објава на видеото на социјалните мрежи во чија содржина е прикажано како се пали знамето на Република Бугарија.
-По денешната објава на видеото на социјалните мрежи во чија содржина е прикажано како се пали знамето на Република Бугарија, најостро го осудуваме овој чин, како евтин и неуспешен обид да се предизвика омраза меѓу граѓаните во двете држави, како и да се нанесе штета на угледот на Република Македонија, наведуваат од МНР.
Министерството додава и дека на најкатегоричен начин го осудува секој чин на сквернавење на чии било националните симболи, вклучувајќи ги и симболите на соседна Република Бугарија, како и секој друг вид израз на омраза кој не соодветствува со суштинските односи меѓу двете земји.
МНР упатува апел до граѓаните да не потпаѓаат на ваквите провокации, чија намена, како што стои во соопштението, е очигледно нечесна и во спротивност со стратешките интереси на државата да ги негува и развива добрите односи со соседите.
Ново на Сител
-
Сомневањата за вмешаноста на таткото на Вања првично потекнаа од изјавите на Велибор и Боре, изјави сведок на судењето
-
Барак и Мишел Обама се вклучија во кампањата на Камала Харис за избор за претседател на САД
-
Четворица работници повредени во ескплозија во погонот за артилерија во фабриката Слобода во Чачак
-
По повод 20-годишнината, НЕОТЕЛ воведува нов пакет за деловни корисници со брзина до 500 Mbps
-
Мицкоски: Не очекувам да има турбуленции и позначителни потреси на пазарот со електрична енергија во земјава
-
Сведок во судењето за убиството и Вања и Панче: Запалениот цитроен „цитроен“ не донесе до пил-ап возилото и партијата „Десна“
-
Викендов променливо облачно време, од недела минусни температури
-
Ден на жалост во Велес, двајцата повредени во сообраќајката и натаму во критична состојба