Бизнис
19. September 2018 - 18:59
Младите земјоделци од денеска ќе можат да конкурираат за финансиска подршка
Објавен е нов повик за доделување грантови во висина до 10.000 евра за млади земјоделци и сточари. Парите може да се користат за започнување на земјоделска дејност, но и за набавка на опрема за преработка на земјоделски, како и производи од животинско потекло.
Огласот се однесува на лица до 40-годишна возраст, а рокот за аплицирање трае 30 дена. Предност ќе имаат тие кои се невработени повеќе од две години, потоа лицата кои имаат земјоделски задруги, тие што се занимаваат со органско производство, како и тие кои применуваат нови технологии во земјоделството.
Оваа мерка е дел од програмата за рурален развој.
-
Мирјана Јовеска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->