Младеновски: БК Пинк Пантер е подготвен за регионалната лига
Во првата недела од месец март ќе стартува регионална лига во Бокс во која ќе се натпреваруваат 7 клуба од четири земји меѓу кои и Македонија со клубот Пинк Пантер.
По тој повод во нашата земја денеска беше првиот човек на регионалниот бокс Јурица Рунтиќ кој очекува оваа лига да го подигне квалитетот на овој спорт.
Седумте клуба од Македонија, Хрватска, БиХ и Србија ќе боксуваат во лига систем од 14 кола. Промоторите на регионалната лига очекуваат добра посета но и голема промоција на овој спорт. Во наредните денови ќе биде соопштено и името на генералниот спонзор со што ќе биде заокружена финансиската конструкција.
Единствен претставник од Македонија ќе биде клубот Пинк Пантер од Штип. Претседателот Илија Младеновски очекува празник на спортот во градот под Исарот:
„ Веќе ни е заокружена финансиската конструкција и подготвени го очекуваме ова регионално натпреварување. Очекуваме не само промоција на градот Штип и Македонија туку и на боксерите кое желно очекуваат да ги потврдат своите квалитети. Направивме добра екипа со квалитетни боксерски имиња што ќе ни гарантира добри настапи. Во оваа прилика сакам да ги повикам фирмите да ги искористат можностите од новиот закон за спорт кој веќе функционира и да одвојат средства од данокот за добивка за да го помогнат нашиот клуб за поуспешно претставување во регионалната лига“- изјави за ТВ Сител Младеновски.
Прв противник на БК Пинк Пантер во Штип во првиот викенд од м. март ќе биде екипата на Војводина.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николовски, министер за транспорт и врски
-
Бројката на повредени во трагедијата во Кочани надмина 200 - Во Македонија на лекување се 54 пациенти и се стабилни
-
Од идната недела ќе почне враќањето на дел од повредените на лекување во странство
-
Затворени 2 угостителски објекти, пуштале музика во денови на жалост, контролите продолжуваат
-
Засилени контроли во општините по трагедијата во Кочани
-
Собир на граѓани во Кочани
-
Големиот пожар што избувна доцна попладнето во близина на Струмица е изгаснат
-
Преглед на вестите од светот