Мисајловски: Имаме историски најниско рекордно ниво на корупција досега
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Владо Мисајловски денеска побара оставка од Владата посочувајќи на, како што вели, рекордно регистрираното ниво на корупција на земјава досега. Македонија според листата на Транспаренси интернешнл е на 111. место.
-Македонија има историски најголем пад и историски е на најдолното место на најновата листа на меѓународниот Транспаренси. Македонија во 2020 година има рекордно регистрирано ниво на корупција во историјата, рече Мисајловски.
Тој потенцира дека државава на листата на Транспаренси интернешнл е на 111. место, што е најлошо досега.
-Ова е пад од цели 45 места. Подобро се живее и подобро се справуваат со корупцијата во Косово, во Албанија, во Танзанија, во Буркина Фасо, Колумбија и други држави. Белорусија е на 63 место, рече пратеникот.
Според него, виновна за оваа состојба е Владата која иако има вицепремирер за борба против корупцијата, на работи на тој план обвинувајќи ја исто така за злоупотреби и корумпираност.
Ново на Сител
-
Во Македонија над 140 луѓе годишно гинат во сообраќајки: Кога ќе профункционира Сејф сити?
-
Протестите со поддршка и од премиерот
-
Протест за смртта на Фросина и во Неготино
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО - ДПМНЕ
-
Нови несогласувања помеѓу лекари и директорката на клиниката за деца „Козле“
-
Протест за смртта на Фросина
-
Има ли одговорност кај обвинителството и судството?
-
Бојкот на маркетите поради високите цени