Министрите од еврозоната без договор за Грција, преговорите продолжуваат денеска
Министрите за финансии од еврозоната по деветчасовни преговори на вонредниот самит во Брисел вчера не постигнаа договор за доделување на нов пакет помош на Грција во замена за реформи.
Состанокот што почна во саботата попладне заврши синоќа по полноќ и ќе биде продолжен денеска на пладне, додека најавената прес конференција е откажана.
- Не успеавме да се согласиме, ќе продолжиме утре, изјави пред новинарите холандскиот министер и шеф на еврогрупата Јерун Дејселблум, додавајќи дека постои проблем со довербата во грчките власти.
Денеска попладне ќе биде одржан и вонреден самит на Европската унија, на кој ќе присуствуваат сите 28 земји членки. Состанокот е закажан откако Грција на референдум минатата недела одби да го прифати планот за штедење, како услов за доделување на финансиска помош од Европската централна банка и ММФ.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници