Министерство за здравство: Има доволно количини инсулин во инсулинските аптеки
Министерството за здравство денеска соопшти дека во инсулинските аптеки има доволно количини од лекот „оземпик“ и „рибелсус“ согласно количините од договорот за јавна набавка. Количините од овие два инсулини се испорачуваат тековно и континуирано до инсулинските аптеки.
Од Министерството наведуваат дека во врска со инсулинот „Ryzodeg“, од компанијата Ново Нордиск Фарма е добиено известување дека има глобален дефицит на овој лек.
-Лекот е достапен во нашата земја, но се добива во количини согласно тендерската постапка. За таа цел, пациентите кои имаат потреба од инсулинска терапија се обезбедени со соодветна замена на инсулин од иста генерика, наведуваат до Министерството потенцирајќи дека сите пациенти ја добиваат потребната инсулинска терапија.
Сојуз на здруженија на дијабетичари на Македонија (СЗДМ) претпладнево соопшти дека повторно има недостиг на инсулин и дека од МЗ добиле одговор дека заради реевидирање на количините на Ryzodeg согласно количините предвидени во реалзиација на тековниот тендер, се делат само останати количини по бројка, а дека за сите други пациенти треба да се консултираат со своите специјалисти - еднокринолози/дијабетолози и заеднички направат вистинки избор за замена на инсулинска терапија. Исто така од СЗДМ посочуваат дека се појавува недостиг на терапија Ozeмpik i Rybelsus.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ана Каранфилова Мазневска, раководител на сектор за отпад
-
Мицкоски: Бугарскиот парламент да го ратификува пристапниот договор па потоа уставни измени
-
Мицкоски: Да не се врши притисок врз Уставен
-
Анализа: Што ќе се случува со ЗЕЛС ако општините продолжат да ја напуштаат организацијата?
-
Владата ќе бара решение за да не пораснат функционерските плати
-
Многу жени не одат на закажан скрининг за рак на дојка – Пациенти со симптоми пак чекаат со месеци за мамографија
-
Ситуацијата кај Буково алармантна
-
Министерството за дигитална трансформација отвори прв општински центар за услуги